Многу врева се дигна во нашата јавност по она несреќно интервју на Дејан Кулушевски, фудбалерот на Тотенхем, за Спорт Клуб. Кога демек не сакал да говори на македонски јазик.
Едноставно дечкото кој потекнува од Македонија, не знае добро македонски, но така е тоа.
Инаку Кулушевски играше за нашата млада репрезентација, но сепак одлучи да игра за А-тимот на Шведска, за земјата во која што е роден, а не за Македонија.
Вчера за медиумите во Англија, тој покрај другото го кажа и ова…
“За мене и моето семејство Македонија е многу важна. Како што вели мајка ми ние никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Одам во Македонија секое лето, многу ми се допаѓа таму. Отсекогаш сум велел дека ако можам да играм и за Шведска и за Македонија тоа ќе биде најдобро. Но, морав да одберам, и јас ја одбрав Шведска затоа што јас во таа земја сум роден“ истакна Кулушевски.
Инаку неговиот татко Стефан е роден во Шведска,но потекнува од Македонија, додека неговата мајка Катица е родена во Македонија каде што е израсната, но како полнолетна се преселува во Шведска.