Трагични вести доаѓаат од Индија, каде на еден фудбалски натпревар во таа земја се урнала трибина и има најмалку 200 повредени, од кои околу 20 се во критична состојба. Сепак нема вести, од проверени извори, дека имало и мртви.
Додека траел натпреварот во еден момент се урнала трибина на која имало голем број навивачи. Да биде уште полошо, и рефлекторите паднале врз дел од навивачите.
На таа трибина имало околу 3.000 лица, многу повеќе од пропишаната бројка, па и затоа дошло до овој инцидент.
#WATCH Temporary gallery collapsed during a football match in Poongod at Malappuram yesterday; Police say around 200 people suffered injuries including five with serious injuries#Kerala pic.twitter.com/MPlTMPFqxV
— ANI (@ANI) March 20, 2022