Милевски вечерва ќе “прозива“: Стартува операцијата – “ИТАЛИЈА“!

218

Како што и беше најавено, вечерва во 19 часот во хотелот “Хилтон“ во Скопје нашите фудбалски репрезентативци, барем тие кои денеска не играат, ќе треба да се јават на собирот. Тоа значи дека од вечерва стартува операцијата – „Италија“. Имено познато е дека на 24 март нашата најдобра фудбалска репрезентација во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, во Палермо ќе игра против Италија, актуелниот европски првак.

Во случај на победа, тогаш Македонија во директен меч за пласман на Мундијалот, ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Вечерва ќе биде прозивката, додека утре ќе се одработи првиот тренинг. Во вторник рано наутро „националите“ ќе одработат уште еден тренинг, за да во 17 часот со чартер – лет ќе се патува за Палермо.

ПретходноСампдорија ја “реши“ Венеција!
СледноСП во Белград: Рохас со светски рекорд во трискок!(ВИДЕО)