По шокантната елиминација од Лигата на Шампионите од Виљареал, екипата на Јувентус мораше да бара утеха единстено во успехот на домашна сцена. Скудетото сеуште е на дофат, а со победите од типот на онаа денеска против Салерниата, кој реално однапред се впишани истото е се поблиску.
Јуве обезбеди домашна победа со 2:0 преку головите на Дибала и Влаховиќ и имаше обезбедено триумф по само половина час.
Со овој триумф Јувентус стигна до котата 59 на своето салдо, додека пак Салернтана е убедливо последна со само 16. поени.
Емполи и Верона одиграа 1:1 откако домашните преку Ди Франческо стигнаа до водство. Симеоне промаши пенал за гостите во вториот дел, но Канселиери успеа да ја поправи неговата грешка во 71. минута.