Тихомир Костадинов и неговиот тим Пиаст Гливице предмалку извојуваа екстра триумф на гостински терен кај тимот на Краковија со минимални 0:1. Асистент за единствениот погодок на овој меч беше токму нашиот репрезентативец кој прекрасно со „пета“ го проигра Дамиан Каѕиор во 44. минута од мечот, а овој уште поубави реализираше.
Костадинов полека но сигурно не само што станува стандарден првотимец на тимот на Пиаст, туку се повеќе станува фактор во играта што е само потврда на она што ние одамна го знаеме, дека е одличен играч кој се вклопува во секој тим каде и да заигра.