Сити е полуфиналист во ФА купот (ВИДЕО)

185

Екипата на Манчестер Сити е полуфналист во ФА купот откако попладнево го совлада тимот на Саутемптон со 1:4. Фаворитот доминираше на овој дуел и не дозволи да биде изненаден иако победата беше осигурана во вториот дел.

Стерлинг погоди за водство, Лапорт си постигна автогол пред полувреме за 1:1. Во продолжението Де Брујне, Фоден и Марез ја донесоа победата за гостите.

Покрај Манчестер Сити, пласман во полуфиналето на ФА Купот обезбедија уште Челзи, Кристал Палас, а последниот патник ќе произлезе од вечерашниот дуел меѓу Нотингем Форест и Ливерпул.

ПретходноКадиз го „шокираше“ Виљареал
СледноДали има поента да се доигра оваа сезона?