Сите оние кои очекуваа дерби меч на пресметката во Рим помеѓу Рома и Лацио се разочараа вечерва. Наместо дерби добија лекција по фудбал од Рома за лутиот ривал и триумф од 3:0. И тоа со голови постигнати во првиот половина час по што беше јасно каде оди овој двобој.
Тами Абрахам погоди уште во првата минута за водство, па зголеми во 22., за да во 40.минута Пелегрини реализира за 3:0.
Сите помислија дека ова ќе биде вистинска катастрофа на Лацио но во вториот дел, Рома рутински одигра до уште една победа во дербито на Рим.