Стартуваше „мисијата Италија“, Македонија полека се комплетира (фотогалерија)

952

Македонската репрезентација вечерва официјално ги стартуваше подготовките за историскиот бараж полуфинален дуел за Мундијалот во Катар против репрезентацијата на Италија. Истиот го играме на 24. март, односно в четврток во Палермо, со почеток од 20:45 минути.

Историката шанса ја дочекуваме подготвено. Со неколку проблеми кои можат да бидат надокнадени на терен, нашиот национален тим ќе се обиде да испише уште една златна страница од нашата фудбалска историја и да зачекориме онаму каде што досега само сме сонувале. На најголемиот светски собир на репрезентации. Тоа нема да биде лесно секако. Пред себе имаме сериозна репрезентација, трофејна Италија со европски и светски титули, но тоа нашите репрезентативци не ги плаши. Ги прави само помотивирани. Тоа го знаеме сите ние, затоа што не уверија дека против најдобрите дека се најдобри.

Вечерва во хотелот Хилтон се појавија петнаесетина репрезентативци, а во текот на утрешниот ден би требало да сме комплетирани. Дел од нив настапија денеска, дел авионските конекции ги носат дури утре попладне. Најважно е што сите здрави, на чело со Аријан Адеми кој денеска настапи за својот Динамо, и ќе бидат подготвени за пат за Италија.

 

ПретходноТренерот го фати за врат свој играч кој доби црвен картон
СледноРеакција на Академија Пандев по повод соопштението на ФК Тиквеш