Бока го „расплака“ Ривер (ВИДЕО)

245

Покрај Реал Мадрид – Барселона синоќа се одигра уште едно легендардно Ел Класико. Големите Ривер Плата и Бока Јуниорс го одиграа своето дерби, а овојпат победници се фудбалерите на Бока. Во прекрасен абиент на Монументал стадионот, Бока триумфираше со 0:1 и буквално расплака милиони навивачи на лутиот ривал.

Клучен момент на овој меч беше 54. минута кога Себастиан Вила искористи една чудна и неочекувана грешка на домашните дефанзивци  реализираше за 0:1. Домаќинот потоа не се снајде најдобро на терен, не успеа да создаде некоја стопроцентна шанса, и се обидувапе претежно со удари од далечина.

 

ПретходноПроблеми во таборот на Италија: Де Шиљо на местото на Ди Лоренцо
СледноОбамејанг прослави како лик од цртан филм (ВИДЕО)