Последниот „балон“ од регуларниот дел од сезоната, Пелистер има една цел, да го искористи за достојно збогување со АБА2-лига. Вториот македонски претставник е во долниот дел од табелата, па ова натпреварување ќе остане едно големо искуство.
Битолчани со победа тргнаа, славеа убедливо против Осијек со 97-78 во дербито на дното на табелата. И на оваа средба на клупата на Пелистер не беше Марјан Илиевски, тимот го водеше неговиот помошник, Дејан Илиевски.
„Честитики до моите играчи за заслужената победа. Клучна беше одбраната, во второто полувреме добро ги затворивме сите приоди кон нашиот кош. Во вториот дел го подигнавме и процентот на реализација, кој во првото полувреме беше очаен“, рече на кратко по дуелот Илиевски.