Британски милијардер ја крена понудата за Челзи и ќе ги вклучи навивачите во донесувањето на одлуки

439

Битката за купувањето на Челзи продолжува, а во меѓувреме британскиот милијардер Ник Кенди значително ја подобрил својата понуда за купување на лондонскиот клуб, пренесуваат англиските медиуми. Неговата првична понуда изнесувала 2 милијарди фунти, но викендов тој ја подобрил понудата откако во борбата за клубот се вклучил уште еден меѓународен конзорциум.
Кенди испратил понуда до американската Рајн групација, која е ангажирана од Владата да помогне во промената на сопственоста на клубот. Кенди се смета за една од најдобрите опции за нов сопственик, се разбира доколку дозволи финансиската страна на зделката.
Групацијата Рајн ќе состави конечна листа на најдобри понуди кон крајот на оваа недела, по што ќе почнат разговорите. Се очекува сето ова да заврши за околу еден месец.
Ник Кенди е навивач на Челзи од дете, во понеделникот откри дека работи и на развивање на модел за активно вклучување на навивачите во клубот во некои одлуки од големо значење.
„Еднаш во животот имаме можност да им го вратиме фудбалот на навивачите и да ги ставиме во процесот на одлучувањето што се однесува до стратегијата и развојот на Челзи. Исто така можеме да обезбедиме финансиска стабилност за да го обезбедиме идниот раст на клубот на светската сцена“, рече Кенди.

ПретходноИ го одземаа златото од ОИ и СП и ја суспендираа на две години!
СледноПотврдено – Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Монте Карло