Смешки: Италијанците се обложуваат дека Елмас ќе даде гол, а и некој си Христо Бабунски!!!

8714

Толку врска да се немало. Се разбира дека тука мислиме на обложуалниците во Италија, поточно на оние во Палермо. Наидовме на прилог во кој стои дека коефициентот Елиф Елмас да даде гол вечерва на “Ренцо Барбера“ е 8.00. А познато е уште пред неколку месеци дека Дијамантот нема право на настап во Палермо, но тоа се Италијанците, тоа е Италија.

Исто така фрапантно е што можеш да се обложиш дека и некој си Христо Бабунски ќе даде гол. Само прашањето кој ли е тој Христо Бабунски?Ние имаме Доријан и Давид, Христо никако.

Инаку јасно е дека Италија, во обложувалниците е голем фаворит за победа, коефициентот е паднат на 1.15. Нешто слично е и во светски рамки, додека за наша победа тој е дури 15, а за реми е 5.5.

Па така ако сакате патриотска заработка, да знаете дека за вложени 1.000 денари би можеле да заработите 15.000 денари, се разбира ако Македонија победи.

No description available.

No description available.

ПретходноМанчини ги „откачи“ Заниоло, Скамака и Белоти за вечерашниот дуел против Македонија
СледноНавивачите се „загреваат“, во Палермо ечи македонска песна (ВИДЕО)