Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сједини од Палермо, пред дуелот со Италија испрати порака до сите Македонци, да веруваат во фудбалерите. Според Сејдини момците веќе еднаш покажаа карактер дека се родени за големи работи, тој не се сомнева дека и вечерва ќе сторат се да се најдат на СП во Катар.
Мети им се заблагодари на сите навивачи кои не размислуваат дојдоа во Палермо од лице место да ги бодрат репрезентативците.
„Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие покажаа дека се родени за големи работи. Веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе, да го оставарат сонот за пласман на Светското првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа тука да ја бодрат репрезентацијата, уживајте во натпреварот“, порака првиот човек на ФФМ.