Голман на Јунајтед стави крај на кариерата на 23 години

268

Голманот на Манчестер Јунајтед Пол Волстон ја заврши професионалната кариера на само 23 години, а причината се бројните проблеми со колкот. Тој со години се обидува да се опорави меѓутоа не успева, минатата година имал две операции и вложил напор да се врати на теренот, сепак, на крајот морал да ја заврши кариерата.

„Тешко е кога ќе ја завршите кариерата на само 23 години, но размислувам позитивно. Горд сум на се што остварив затоа што многумина сонуваат да дојдат до ова ниво. Секако дека сакав да направам уште повеќе, сепак, горд сум што го носев дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Волстон.

Во меѓувреме Јунајтед покренал програма за поддршка на својот сега веќе поранешен голман и се подразбира формално и неформално образование. Добил и поддршка за добивање на тренерска лиценца и ќе има шанса да патува со младите селекции на клубот за да стекне искуство во наредниот период.

Инаку на „Олд Трафорд“ дојде пред четири години од Њукасл, а играл и за младите селекции на Англија.

 

ПретходноПоради Ковид протоколите од УЕФА, само неколку фудбалери дојдоа во центарот на Скопје
СледноЕуро Никел се поблиску до Супер-лигата