Нема погодоци по првото полувреме на „Ренцо Барбера“. Италија притиска, често игра на наша половина, а засега македонската одбрана на висина на задачата. За издвојување се две добри шанси на Италијанците, едната во 29. минута кога Столе Димитриевски погреши во исфрлувањето на топката, Берарди шутна кон празниот гол, но нашиот чувар на мрежата навреме се врати и одбрани.
Четири минути подоцна Инсиње шутна од голема далечина, а Димитриевски ја изби топката во корнер.
Нашиот национален тим се обидува да направи нешто од контра напад. Еден таков имаше Чурлинов кој украде топка и тргна сам кон голот на Донарума, но Манчини се врати и го блокираше нашиот фудбалер. Во финишот шутот на Трајковски го одбрани италијанскиот голман.