Португалија и Велс влегоа во финале на плеј-офот

181

Репрезентациите на Португалија и Велс се финалисти на плеј-офот за пласман на СП 2022 година. Вечерва на „Драгао“ во Порто, Роналдо и другарите ја совладаа Турција со 3:1. Португалците во првото полувреме имаа предност од 2:0, а Отавио го отвори резултатот, за потоа да зголеми Диого Жота.

Во 65. минута Бурак Јилмаз погоди за Турција за да донесе неизвесен финиш на мечот. Сепак, Португалците постигнаа уште еден гол преку Нунез во 91 минута.

Во Кардиф селекцијата на Велс ја совлада Австрија со 2:1. Во првото полувреме Велшаните поведоа со гол на Герет Бејл, а фудбалерот на Реал Мадрид погоди и во 51. минута. Австријците само го ублажија поразот преку автогол на Дејвис во 65. минута.

Велшаните во финалето на плеј-офот ќе играат со Шкотска.

Продолженија се игра на натпреварот Шведска – Чешка.

ПретходноПОБЕДАААА…ПЛАЧЕ ИТАЛИЈА – ОВА Е НАШАТА МАКЕДОНИЈА!
СледноНека му ја мислат CR7 и Португалија, „рисовите“ гостуваат во Порто