Нека му ја мислат CR7 и Португалија, „рисовите“ гостуваат во Порто

559

Македонската фудбалска репрезентација ги живее најубавите денови. Боби Милевски и неговите избраници го урнаа европскиот првак на колена и тоа на гостински терен. Во Палермо Македонија славеше со 0-1 со голот на Александар Трајковски и се најде на чекор до пласман на Светското првенство во Катар.

Последна преча е Португалија, мечот се игра на 28 овој месец во Порто. Кристијано Роналдо и неговите соиграчи нека му ја мислат, доаѓаат „рисовите“ кои играат без пардон против сите.

Ајде момци Македонци, нека биде историја за паметење!

ПретходноПортугалија и Велс влегоа во финале на плеј-офот
СледноБУМ, БУМ ТРАЈКОВСКИ!!! МАКЕДОНИЈА ГО ШОКИРА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК! (ВИДЕО)