Честитки за триумфот на Македонија над Италија доаѓаат од сите страни, а меѓу нив е и претседателот на Македонија Стево Пендаровски. Тој објави фотографија од радоста на Македонија со порака до следниот предизвик, Роналдо и другарите.
„Спреми се Кристијано, ти си следен“.
„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“, напиша Пендаровски.