Италија е во пеколот, Ден на жалост на „Чизмата“… насловите низ италијанските и светските медиуми

1753

Македонија е на чекор до Светското првенство во Катар. Ја елиминира моќната Италија и тоа со победа на нејзин терен со што „Аѕурите“ втор пат по ред нема да играат на Мундијал. Во баражот за СП 2018 им пресуди Шведска, а во баражот за СП 2022 Македонија.

Актуелниот европски првак доживеа срам, тоа го пишуваат и бројните светски медиуми, а Македонија со огромна самодоверба оди на финален мегдан со Роналдо и другарите.

Многу негативни коментари на сметка на Италија која покажа немоќ против цврстата и трпелива Македонија. „Аѕурите“ се во пеколот, уште едно разочарување, ден на жалост на „Чизмата“, Македонија направи уште едно чудо, Европскиот првак на колена, време е за заминување на Манчини… се само дел од насловите на италијанските и на светските медиуми.

ПретходноСкопје „гореше“ до раните утринските часови (фото+видео)
СледноХероите од Палермо во Скопје слетуваат во 17.25 часот, пред “Хилтон“ ќе биде ЛУДНИЦА!