Хероите од Палермо во Скопје слетуваат во 17.25 часот, пред “Хилтон“ ќе биде ЛУДНИЦА!

855

Добро утро победничка Македонијо. Добро утро фудбалска Македонијо. Уште сме полни со адреналин по се она што синоќа се случи во Палермо. Во градот кој вечно ќе го паметиме.

Сега малку одмор а после се знае, Порто, “Драгао“, Роналдо…

Секоја чест за нашите момци, за нашите херои кои во Скопје со специјалниот чартер слетуваат во 17.25 часот. Од Палермо нашата експедиција ќе полета во 15.55 часо, за да по само 1,5 час, стигне на аеродромот во главниот град на фудбалска Македонија.

Се разбира дека таму ќе има наши фанови кои ќе им се “поклонат“ на Алекс, Барди, Стефан, Столе, Адеми, селекторот Благоја и сите оние кои синоќешниот ден ни го направија незаборавен.

А пред хотелот “Хилтон“ во Скопје, во базата на нашата репрезентација не се сомневаме дека ќе биде вистинска ЛУДНИЦА.

ПретходноИталија е во пеколот, Ден на жалост на „Чизмата“… насловите низ италијанските и светските медиуми
СледноДанило: Не ме изненади победата на Македонците, тоа се неверојатни борци