Триумфот на Македонија над Италија се уште е топ тема во светските медиуми, па така и во балканските. Додека во светот повеќе се пишува за шокантната елиминација на Италија, за Манчини, коментарите на фудбалерите… на Балканот се величи македонскиот национален тим. Херои, лавови, мајстори се само дел од епитетите кои ги добија македонските национали по пласманот во финалето од баражот за СП 2022. Еве дел од насловите…