Сеир Палермо! Наш чалам среде Италија…

1491

Македонија ја има најфудбалската приказна во овие квалификаци за пласман на СП 2022. Нашиот синоќешен подвиг го освои светот, го засени Путин, војната во Украина, цените на бензините, корона кризата…

Македонија е топ тема и не по лошо како во минатото туку по подвиг, херојство – победа! И така ден по сензацијата си останавме во Палермо да им фаќаме сеир на домаќините. Да им продаваме чалам на нивна територија. Да им пиеме еспресо, во рацете „Кориере дело Спорт“ и да читаме за нивната беда и нашата голема победа.

И што може да се чуе по улиците, продавниците, кафулињата…

Еј мачедони…БРАВО, БРАВО, БРАВО…“, ќе дофрли по некој минувач на улица кога ќе чуе дека ние сме Македонци, говориме Македонски и имаме македонски бои со нас. И нашите фанови фаќаат сеир па може да се чуе:

Ние одиме во финале со Роналдо а вие пробајте баклава во Коња“

Или ова…

Ние си славиме и ќе си одиме дома а вашите да не изведуваат уште корнери“

Па, и сеир од социјалните мрежи:

Јуфки да, шпагети не…Биено подобро од моцарела…“

И да, ние победивме европски првак и велесила:

Во еден ден го срушивте митот на Мачини и неговите гладијатори. Ова не се гледа често. Во неколку минути хероите на Италија, хероите на нацијата да бидат приземјени, да потонат како Титаник. Браво Македонија, Браво Трајковски…. Нема да ви простиме ако не ја победите Португалија“, не пречека конобарот на доручекот во нашиот хотел каде е сместена новинарската екипа.

А кога разбра дека сме од Македонија ете ти и еден „залутан“ Чех во ресторантот:

Ја играм кладилница, вчера типував на Италија и загуибив, но се радувам дека вие победивте. За жал мојата Чешка синоќа загуби од Шведска…ќе гледаме СП на ТВ“.

И така безброј приказни, безброј големи нешта кои ги доживуваме на сметка на херојскиот подвиг на нашите фудбалери. И за крај поздрав од твит од Србија:

Што прават овие Македонциве… Лани ги треснаа Германците, сега Италијаните…. останува уште да го тепаат Јапан на СП па да ги капитулираат сите фашистички земји“.

Или ова од синоќа…

Кога го победивме Португал мислевме дека ќе го освоиме СП. Но сега имаме проблем, еве ја и Македонија со истите желби“ (се мисли на Србија).

Ха, ха, ха… заборавиле дека во јуни на менито и тоа пак на гости ни е Бугарија..! Во 15.55 летаме за Скопје, кај 18 часот се гледаме пред Хилтон!

ПретходноРоналдо: Да се игра против Македонија е многу потешко отколку со Италија
СледноСпоред оценките на медиумите: Трајковски е херојот, а Инсиње трагичарот!