Александар Трајковски е човекот кој во 90+2.минута ја урна Италија, а нам ни донесе голема, екстремно голема радост. Пред тргнувањето за Скопје, Алекс имаше свое видување од Палермо, од неговиот град што се вели.
„И јас сум многу среќен. Искрено како да не сме свесни уште што направивме вчера. Навистина го заслужуваме ова, и ние и цела Македонија да се радуваме на еден ваков успех. Се надевам дека тука нема да застанеме. Веруваме во себе и тоа доаѓа како награда“ посочи Трајковски.
За моментот од таа 90+2 минута кога даде гол, Алекс се присети..
„Во тие моменти очекував да заврши мечот и да одмориме малку за да влеземе во продолженијата. Но кога ја видов таа топка како доаѓа, едноставно со последни сили успеав да шутнам, целиот фокус го ставив на тој последен шут. Како да беше судено да дадам гол на тој стадион каде што минав четири години. Испадна се како што треба“.
Како против Португалија?
„Во овој момент треба добро да се одмориме и подготвиме за мечот со Португалија. Имаме против себе тим со одлични индивидуалци, морам добро да се подготвиме, да веруваме дека можеме да излеземе на тој терен и да покажеме дека и со нив можеме да се носиме. Знаеме дека фудбалот прави чуда, ете се случи такво нешто вчера, затоа фудбалот е најубавиот спорт. Се надевам дека ќе се пласираме на СП“ заврши нашиот херој од Палермо.