Македонската фудбалска репрезентација мора да внимава во следните неколку дена до дуелот со Португалија. Поради строгите Ковид правила од УЕФА, само неколкумина фудбалери дојдоа да ги поздрават навивачите кои ги чекаат на плоштадот во центарот на Скопје.
„Заради Ковид протоколи од УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ќе ги поздрават присутните на плоштадот. Мора да се придржуваме до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат, а овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи“, известија од ФФМ.
Стефан Ристовски, капитенот на македонската репрезентација во името на сите останати им се заблагодари на фановите кои дојдоа во центарот на Скопје. Тука бепе и селекторот, Боби Милевски и стрелецот на голот, Александар Трајковски.
Македонија во вторник игра против Португалија, последен меч за место на Мундијалот во Катар.