Напѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд нема да биде дел од престојното Европско првенство. Тој одлучи самиот да се повлече затоа што се чувствува недоволно залечен од повредата на зголобот, и не сака да си создаде поголеми проблеми.
Селекторот Герет Сајтгејт ја потврди оваа информација, и рече дека ја почитува одлуката на Гринвуд. Тој до крајот на подготовките, а до стартот на ЕП ќе мора да острани уште шест фудбалери од првичниот список, а веќе медиумите блиску до Ливерпул велат дека еден од нив е Тренд Александер Арнолд.