Камерите престанаа да снимаат: Стравичен инцидент на Мик Шумахер, болидот преполовен (ВИДЕО)

1517

Во овој момент се одржуваат квалификациите за ГН на Саудиска Арабија. Веќе во првиот дел ја видовме најголемата сензација, елиминација на Луис Хамилтон. Додека пак вториот дел донесе прекин, поради стравичен инцидент, Мик Шумахер направи грешка и се заби во ѕидот.

Камерите веднаш престанаа да го снимаат возачот на Хас, неколку минути немаше никаква информација за состојбата на германскиот возач.

Но, Хас веднаш се огласи и потврди дека Шумахер е при свест и оди во медицинскиот центар. На голема среќа тој е во добра состојба и нема сериозни повреди.

ПретходноДетето на Вардар го покори првакот и го вивна Е.Пелистер (ФОТО)
СледноОхрид и Бутел Скопје одиграа без победник