Во својот прв меч по враќањето во националниот тим, Кристијан Ериксен вечерва го постигна и својот прв погодок. Во 47. Минута на мечот со Холандија кој „лалињата“ го добија со 4:2, данскиот играч од средниот ред на асистенција на Андреас Сков Олсен успеа да погоди за намалување на предноста на домашните на 3:2.
Холандија на крајот дојде до победата со погодоците на Бервијн (2), Аке и Депај, додека покрај Ериксен гол за Данска постигна и Вестергард.
Во вториот тест-дуел кој заврши вечерва селекцијата на Германија славеше со 2:0 над Израел. Головите за Германците ги постигнаа Каи Хаверц и тимо Вернер. Во финишот на мечот Томас Милер не успеа да реализира пенал.