По 287 дена Кристијан Ериксен го облече дресот на Данска. Последен пат за својата земја настапи на минатото Европско првенство на дуелот против Финска кога доживеа срцев удар, по оваа страшна глетка на теренот беше долго време надвор од терените.
Успеа да се опорави и да се врати на терените со посебен апарат за срцето. Кам-бекот во националниот дрес го прослави со голо во поразот од Холандија 4-2.
Влезе на полувремето и по само две минути игра се запиша во листата на стрелци, поради што беше пресреќен.
„Психички сум истиот фудбалер како претходно. Се уште имам квалитет, тоа добро го знам. Не се чувствувам послабо во однос на претходно. Среќен сум што го покажав тоа“, изјави Ериксен по мечот.
Дамка на дуелот остави еден навивач од публиката кој фрлаше парички кон него.
„Не знам што сакаат, но ме гаѓаа со парички, една ме погоди. Глупаво однесување“, искоментира по мечот данскиот фудбалер.
CHRISTIAN ERIKSEN SCORES TWO MINUTES INTO HIS RETURN TO INTERNATIONAL FOOTBALL!!! pic.twitter.com/BztWOVLGqM
— ESPN FC (@ESPNFC) March 26, 2022