Марка: Карло Анчелоти фаворит за клупата на Реал Мадрид

191

Откако со заминувањето на Зинедин Зидан, тимот на Реал Мадрид дефинитивно стана без тренер, сега светската јавност лицитира со имиња на неговиот наследник.

Денешна Марка бомбастично објавува дека фаворит за тренерското столче на Реал Мадрид е искусниот Карло Анчелоти. Тој во моментов е под договор со тимот на Евертон, а доколку Мадрид сака да го доведе ќе мора да плати отштета.

Анчелоти веќе еднаш беше дел од тимот на Реал во периодот од 2013 до 2015 година кога беа освоени грст трофеји, во прв ред Лигата на Шампионите.

Покрај Анчелоти, се споменуваат и имињата на Раул Гонзалес, Антонио Конте, и Маурицио Покетино.

 

 

ПретходноЃорѓи Стоилов официјално си замина од Академија Пандев
СледноМејсон Грунвуд не оди на ЕП