Екипата на Сутјеска е четвртфиналниот противник на стартот од плеј-офот во АБА2 лигата, што ќе биде воведен меч за избраниците на тренерот Александар Петровиќ во завршницата, која ќе се одржи во „Јане Сандански“ во Скопје (13-17 април).
Евентуалната победа против должникот од Никшиќ, кој минимално, со кош во последната секунда, ги совлада во регуларниот дел од сезоната, ќе значи полуфинале против подобриот од босанскиот дерби помеѓу Широки и Спарс.
Ова ќе биде одлична шанса за македонскиот првак да се врати во АБА-лига
АБА2 ЛИГА – ПЛЕЈОФ
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (13 април)
(1) МЗТ Скопје – Сутјеска
(2) Хелиос – Златибор
(3) Борац БЛ – Младост Земун
(4) Широки – Спарс
ПОЛУФИНАЛЕ (15 април)
(5) Победник 1 – Победник 4
(6) Победник 2 – Победник 3
ФИНАЛЕ (17 април)
Победник 5 – Победник 6