Македонскиот национален тим вечерва пристигна во Порто каде што треба да го одигра историскиот меч за пласман на СП 2022. Противникот е силната Португалија, поранешен европски шампион на чело со Роналдо.
На аеродромот беа присутни и португалски новинари кои му се нафрлија на капитенот Стефан Ристовски за интервју. Тоа е очигледно затоа што нашиот бек им е познат на Португалците со оглед на тоа дека настапуваше за Спортинг Лисабон, па му се нафрлија со микрофоните и со камерите да каже нешто за претстојниот меч.
А од позадина интересен момент, Барди го вози Елиф Елмас со количка. Изледа Барди решил да го штеди својот колега од напор за да може тој да се сконцентрира на дуелот затоа што е многу важна алка во средниот ред.
Се на се, расположението е одлично, нашите фудбалери се упатија кон хотелот каде што ќе се сместат. Мисијата е јасна, одиме на победа на „Драгао“ и визата за СП во Катар.