Вечерва на стадионот “Драгао“ во Порто, нашите национали го одработија тренингот во пресрет на утрешниот историски меч со Португалија. Секако дека не чека битка до последен здив, па за СП се работи, за остварување на сонот и пласман на еден Мундијал. Нешто што до пред неколку години беше само научна фантастика за нас и нашата држава.
Сега сме на чекор до историја.
Подготвени сме. Тоа го кажаа на пресот и селекторот Милевски и капитенот Ристовски.
Подготвени сме за „пеколот“ на “Драгао“ пред 50.000 фанатични португалски фанови. Подготвени сме за дуел со Кристијано Роналдо.
Македонија е спремна..
ОДИМЕ МАКЕДОНИЈО!