Младинскиот состав на Академија Пандев денеска ги одигра првиот меч од меѓународниот турнир “Куп на пријателство“, кој се одржува во Златибор (Србија). Ривал на младите струмуичани им беше младинскиот состав на Партизан, а мечот заврши без победник 1:1.
Добра игра на нашиот тим, посебно во првиот дел кога А. Пандев водеше со 1:0, и тоа со голот на Крстевски во 33.минута, но во вториот дел Партизан успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:1. Стрелец беше Стјепановиќ во 43.минута.
Во вториот натпревар, надежите на А. Пандев се среќаваат со тимот на Сараево.