Навивачите на Интер ќе го бојкотираат дербито со Јувентус

598

Навивачите на Интер најавија дека нема да бидат присутни на стадионот за претстојното италијанско дерби против Јувентус.

„Имаме свои причини и тоа треба да биде доволно за оние што читаат. Доволно е да знаете дека ова е став на сите лидери на навивачката група. Тоа е болен, но неизбежен избор. Ниту едно дерби, дури и најважното, не може да ја прецрта суштината на она што сме“, стои во соопштението на ултрасите на „нероаѕурите“.

Натпреварот од 21. коло во италијанското првенство меѓу Јувентус и Интер ќе се одигра на 3 април во Торино на стадионот на Јувентус.

ПретходноДенеска Европа ќе добие уште двајца патници на СП во Катар
Следно„Ола Панче“! Ако ги треснеме ќе се удават во океанот од солзи!