Редовно си ја победуваме Словенија, Дијамантот “царуваше“ на последниот дуел!

247

Во пресрет на вечерашниот пријателски меч со Словенија, кога станува збор за досегашните меѓусебни дуели Македонија има апсолутно позитивен биланс. Имено досега се одиграни шест натпревари, имаме четири победи, едно реми и само еден пораз. Гол разликата исто така е импресивна, 12:6 за нас.

Познато е дека првиот меч како самостојна Македонија го одигравме токму со Словенија во Крањ, во таа 1993 година, на кој победивме со 4:1. За тоа е пишувано, анализирано во детали.

Затоа убаво ќе биде да се осврнеме на последниот меч, кој се играше во Скопје, во рамките на квалификациите за ЕП кога победивме со 2:1.

Тогаш блескаше Елиф Елмас, во негова чест фановите направија и ѕвездено небо. Стрелец на два гола, првиот во 50.минута за 1:0, откако претходно асистираше Пандев, додека на 2:0 зголеми во 68.минута на додавање на Адеми.

Во финишот на средбата Иличиќ ги постави конечните 2:1.

Вечерва се игра седмиот меч, вкупно петти пријателски меѓу Македонија и Словенија, и одиме на петтата победа.

ПретходноИ официјално: Холандија без првиот голман на ЕУРО
СледноПостигнат е договор: Анчелоти е нов тренер на Реал Мадрид