Вака се сака Македонија: Мерак на душата – полно е срцето (ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

943

Македонија дише во ритамот на фудбалот, во ритамот на „црвено-жолтата“ боја. Цела нација го чека стартот на дуелот меѓу Португалија и Македонија за место на Светското првенство во Катар.

Нашата репрезентација како никогаш претходно е најблиску да го оствари сонот на сите, да завери мундијалска виза. Како и секогаш, така и овој пат, македонските фанови од целиот свет допатуваа во Порто, вечерва тие ќе се обидат да им дадат ветар во грб на фудбалерите, а потоа заедно да прослават историја.

Во Порто атмосферата е одлична, а за тоа се задолжени навивачите, песни се пејат, знамиња се виорат.

Вака се сака Македонија: Мерак на душата – полно е срцето…

 

 

ПретходноКожув и Перо Блажевски се разделија
СледноКристијано, вечерва пак да си ја фрлаш капитенската лента! (ВИДЕО)