Каков мотив за “рисовите“: Егоров освои ЗЛАТО на ЕП во Будимпешта!

441

Навистина прекрасна, фантастична вест од Будимпешта каде се одржува ЕП во борење. Владимир Егоров стана еврооски првак, имено нашиот репрезентативец кој има руско потекло во големото финале го победи борачот од Азербејџан со 10:0. Ова беше финале во категоријата до 57 кг.

Имаме шанса и за втор медал, имено Бесир Алиу ќе се бори за бронза.

Се разбира дека ова би требало да биде уште поголем поттик, мотив за нашите „рисови“ вечерва во Порто кои ќе бијат битка за пласман на СП во Катар.

ПретходноПорака од Порто: Двајца Македонци од Чикаго и Мајами со љубов за Македoнија!
СледноОфицијални состави: Костадинов место Чурлинов, Елмас во нападот…