Карло Анчелоти позитивен на Ковид-19!

106

Лоша вест за сите во таборот на “кралевите“. Имено Карло Анчелоти, стратегот на Реал Мадрид е позитивен на Ковид-19, па така тој мора под итно да биде во изолација. Оваа вест утринава, преку своите социјални мрежи и официјален сајт, ја потврди и самиот клуб од Мадрид.

Секако дека сега под голем знак прашалник е водењето на тимот од „Бернабеу“ против Челзи во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите во среда. Јасно е дека викендов Анчелоти нема да може да седи на клупата на дуелот против Селта Виго.

ПретходноШокантно: Нигерија не се пласираше на СП, а потоа следуваше тотален хаос (ВИДЕО)
СледноКако да бевме на СП – имавме „пеколен“ пат и „група на смртта“!