Милевски: Засега немам контакти со Ц. Звезда!

486

Благоја Милевски на клупата на Ц. Звезда? Дали е можно ова? Веќе втор ден медиумите во Србија токму нашиот селектор го гледаат како наследник на Дејан Станковиќ, актуелниот стратег на шампионот на Србија.

Спортмедиа“ директно го праша Милевски дали ова се само шпекулации или има нешто, тој ни одговори.

И јас читам по порталите дека сум бил главен пик за клупата на Ц. Звезда. Видете, јас од дете сум звездаш, таму сум бил како играч, но морам да кажам дека засега немало никакви контакти со клубот од Белград. Тоа можам засега да го кажам“ вели Милевски за “Спортмедиа“.

Инаки Дарко Панчев за него кажа дека Милевски мора да добие нов четиригодишен договор со ФФМ и уште долго треба да остане селектор на Македонија.

ПретходноРакометарите ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2024
СледноПОЛУВРЕМЕ: Вардар има негатива од четири гола против Веспрем