Аеродром го “поздрави“ Тафталиџе за слатка одмазда…

190

Во меч од 20.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија, МЗТ Скопје успеа да го победи ТФТ со 93-87 и да му се одмазди за поразот во финалето во Купот на Македонија. Овој натпревар се одигра во малата сала во “Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Мечот започна со нешто поагресивна игра на гостите од населбата Тафталиџе. Имаа почетно водство, но “металците“ секогаш знаеја како да го анулираат, но не и да дојдат во водство. Тоа за првпат се случи дури во 7.минута од првата четвртина кога МЗТ Скопје поведе со 21-20, кое на крајот гласеше 27-25.

No description available.

Во втората четвртина видовме голема борба на паркетот. Домашните ги диктираа настаните, посебно расположени беа Николов и Милошевиќ кои на крајот од полувремето дојдоа до 14 поени. Во финишот ТФТ направи напор да се приклучи резултатски, се чинеше дека и успеа во тоа, но во последните секунди Николов со спектакуларна тројка од далечина стрелаше за 53-47 во првото полувреме.

No description available.

Треба да се каже дека во овој период, МЗТ Скопје имаше дури 14 поени од исто толку обиди од слободните фрлања. Покрај Николов и Милошевиќ, солиден беше Дамјан Стојановски со 11 поени, додека кај гостите Бишоп, Хортон и Смит дадоа по 8 поени, на моменти одличен беше и искусниот Нури со своите асистенции.

Во второто полувреме, односно третата четвртина “металците“ просто доминираа на паркетот. Одиграа навистина добро, на моменти се им одеше од раце па така имаа и двоцифрена предност. На крајот гласеше 73-61, или 20-14 за МЗТ Скопје во оваа четвртина.

No description available.

Само на моменти ТФТ успеваше да дојде до одговор на играта на доашните.

Ништо ново во последниот период. МЗТ Скопје беше подобар, доминираше и си го зголемуваше водството. Гостите како да биде во нокдаун, а разликата растеше. Па така во 5.минута од последната четвртина таа изнесуваше 15 поени. ТФТ едноставно не делуваше опасно како во првото полувреме, бадијала беа советите на стратегот Боро Смилковски, МЗТ Скопје беше пресилен а браќата Стојановски го диктираа ритамот на играта на “металците“.

Во финишот и покрај големиот напор и пресингот кој го одиграа гостите, сепак на крајот “металците“ успеаја да слават со конечни 93-87.

Во победничкиот тим најефикасен беше Војдан Стојановски со 21 поени, следуваше Милоешевиќ со 18, а Дамјан Стојановски забележа 17. Кај ТФТ Хортон постигна 23 поени.

No description available.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Вардар има негатива од четири гола против Веспрем
СледноМакедонија тргнува од дома против Луксембург!