Ашковски има понуда од Рапид Букурешт

233

Стефан Ашковски би можел да ја смени средината во Романија, откако романските медиуми пишуваат дека Рапид Букурешт му нуди на македонскиот фудбалер договор во овој клуб.

Македонецот во моментов е дел од Ботошани, меѓутоа тешко дека ќе ја прифати понудата од страна на Рапид, кој нуди нешто помалку, но преговорите се во тек и може работите да се сменат.

Ашковски е повремен македонски репрезентативец, но не се најде на списокот на Ангеловски за ЕВРО.

ПретходноПо долго време ќе се навива за Македонија (ФОТО+ВИДЕО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Нема голови, има многу „жестоки“ дуели и неколку шанси