Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски и неговиот Порто одиграа нерешено 29:29 со Монпеље на домашен терен во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. На реваншот во Франција ќе биде познат и патникот во наредната рунда.
Гостите од Франција направија предност во финишот но не ја задржаа, затоа што Португалците успеаа да извлечат реми. Македонскиот голман на голот на Порто имаше само една одбрана од единаесет обиди.