Нема голови на „Арената“ по првиот дел меѓу Македонија и Словенија. И двата тима се менуваа во нападите, а најдобрата шанса ја имаше Иличиќ во 11. минута од средбата кога шутираше за малку крај голот.
Иличиќ беше најопасниот играч на Словенија кој правеше проблеми, а своја шанса имаше и Пандев кој во 35. минута по центаршут на Алиоски шутираше крај голот.
Инаку дуелот изобилува со многу дуели на средината на теренот, многу стартови и од едната и од другата страна.
Во 22. минута спорен момент кога Бејтулаи под закана за прекршок во сопствениот шеснаесетник, но пенал не беше досуден.