Големо, огромно признание за младата македонска кошаркарка Михаела Алексовска која во моментов е член на тимот на КК Крива Паланка. Таа доби покана да биде дел од интернационалниот камп на НБА лигата што ќе се одржи летово во Италија со наслов, „Кошарка без граници“. На него ќе учевствуваат најталенираните млади кошаркарки од цела Европа.
Одличните игри во текот на минатата сезона, секако и во оваа актуелната, не останаа незабележани, напротив, Михаела Алексовска, нашата најдобра млада кошаркарка за 2021 година доби уште едно големо признание. Предводникот на нашата селекција „Под 16“ години, која лани го освои првото место на ФИБА „Челенџерот“ за млади кошаркарки под 16 години во Тбилиси е поканета да земе учество на еден од најпрестижните кампови во Европа за талентирани кошаркари и кошаркарски, насловен „Basketball without borders“, стои во објавата на КФСМ