Во пресрет на ждрепката за СП во Катар, која ќе се одржи доцна попладнево во 18 часот, ФИФА денеска ја објави химната на Мундијалот насловена – „Хаја, хаја“ или подобро заедно.
„Оваа песна симбилизира како музиката и фудбалот можат да го обединат светот“ истакнаа покрај другото од ФИФА.
Инаку изведувачи на песната се америКанскиот пејач Тринидад Кардона, потоа иконата на афробитот Давид и катарската сензација Ајша.
Некои сметаат дека оваа химна е најубавата од сите досега на минатите СП.