Минаа три дена од историскиот меч во Порто, каде во директната пресметка за тоа кој ќе оди во Катар, Македонија беше поразена од Португалија со 2:0. Се е кажано, анализирано до најситни детали како беше и што беше, дали можеше поинаку. Сепак вреди да се погледне оваа фотографија која ја насловивме како – фото за паметење…
По завршување на химната на “Драгао“ погледнете ги лицата и гестовите на нашите фудбалери, на нашите „рисови“, како се бодреа меѓусебе пред почетокот на дуелот со Роналдо и компанија.
Тие гестови покажуваат и докажуваат зошто оваа генерација на Македонија е најдобрата репрезентација во историјата.