Катарците остануваат ригорозни кон ЛГБТ за време на СП 2022

386

За време на Светското првенство во 2022 година, Катар ќе се придржува до законите на земјата поврзани со ЛГБТ. Ова го соопшти генерал-мајор Абдулазиз Абдула Ал-Ансари, кој ја извршува функцијата претседател на Националниот комитет за борба против тероризмот.

„Ако спиете заедно или изнајмите соба, тогаш тоа не нè засега нас. Тука сме да го организираме турнирот. Да не одиме подалеку од личните односи меѓу овие луѓе. Ова е нашиот концепт за ова прашање. Не можеме да ги менуваме законите. Не можеме да ја смениме ни религијата на 28 дена од Светското првенство“, изјавил тој.

Хомосексуалноста во Катар може да се казни со затвор до 3 години.

ПретходноСупер гол на Муслиу за Инголштад! (ВИДЕО)
СледноПознат и распоредот на СП 2022: Катар отвора со Еквадор, Англичаните против Иран