Ериксен и компанија од Брентфорд го понижија Челзи… (ВИДЕО)

132

Каков шок, какво понижување за европскиот шампион и тоа не негов терен. И тоа од Брентфорд кој успеа после 83 години да ги победи Челзи на негов терен, и тоа со шокантни 1:4.

Кога Ридигер даде гол за 1:0 за Челзи во 48.минута никој не можеше да очекува ваков исход. Сепак гостите прво со голот на Јанелт само две минути подоцна, а и на Ериксен во 54.минута дојдоа до 1:2 и покажаа дека сакаат историски триумф. До крајот Јанелт и Виса постигнаа уште два гола за конечни 1:4.

Во останатите попладневни мечеви во Премиер – лигата, Манчестер Сити со 0:2 славеше како гостин кај Барнли. Де Брујне и Гундоган беа стрелци. Лидс и Саутемптон одиграа 1:1, Брајтон и Норвич исто нерешено, но без голови, додека Вулфси ја победија Астон Вила со 2:1.

ПретходноБаерн Минхен како “машина“…(ВИДЕО)
Следно„Македонското дерби“ во Унгарија без победник…