И Конте со скршено срце поради Македонија….

706

Италија сеуште е во шок по тие 0:1 од Палермо, кога Македонија успеа слави и да го победи големиот фаворит, а со тоа и да го елиминира од пласманот на Мундијалот во Катар.

Се изнаредија сите познати фудбалски “фаци“ да кажат нешто за својата репрезентација, за поразот, па така сега на ред дојде и Антонио Конте, стратегот на Тотенхем, еден од најдобрите италијански тренери.

Тој не крие дека и него срцето му е скршено по поразот од Македонија…

По тој меч и по поразот од Македонија моето чувство беше како и на сите во мојата земја. Многу лошо се чуствував, целата земја е многу тажна, по вторпат еднподруго да играш на СП навистина е лошо. Големо, големо разочарување, познато е што за нас Италијанците значи фудбалот. Сепак мораме да сфатиме дека фудбалот е многу чуден“ рече покрај другото Конте.

ПретходноЈубилеј: Гачевски по 150-ти пат на голот на Вардар! (ФОТО)
СледноВлатко Стојановски со победнички гол за Горица! (ВИДЕО)