Ману Џинобили влегува во „Куќата на славните“

89

Легендата на аргентинската кошарка и на НБА тимот Сан Антонио Спарс, Ману Џинобили ќе биде примен во „Куќата на славните“ на кошарката од 2022 година.

Четирикратниот шампион во НБА лигата со Спарс, олимписки победник и светски вицешампион со Аргентина, ќе биде именуван меѓу кошаркарските бесмртници на церемонијата во Спрингфилд во септември оваа година, придружуван од петкратниот НБА Ол-стар играч Тим ​​Хардавеј, ВНБА ѕвездата Свин Кеш, долгогодишниот тренер на НБА Џорџ Карл и универзитетскиот тренер Боб Хагинс.

Џинобили помина 16 сезони во НБА-лигата носејќи го дресот на Сан Антонио Спарс, во кој формираше легендарно трио со Тим Данкан и Тони Паркер под водство ма тренерот Грег Попович. Кариерата ја заврши со просечни 13,3 поени, 3,5 скока, 3,8 асистенции и 1,3 украдени топки.

ПретходноТФТ добро се држеше, но загуби од Макаби Хаифа
СледноГол-шоу на Феликс и Суарез за нов триумф на Атлетико (М) (ВИДЕО)